Филмска работилница за справување со насилство


Јавна трибина на тема: „Дијалогот како моќна алатка на родителите, децата и општеството во надминување на насилното однесување“ денеска ќе се одржи во Кинотека на Македонија со почеток во 12 часот. Овој настан е дел од финалниот дел на проектот на истата тема и е реализиран во вид на филмска работилница. Целиот проект е иницијатива на филмскиот фестивал Киненова Скопје, во склоп на кој се реализира истиот, а е поддржан од УНИЦЕФ и Европската Унија.

На трибината која е отворена за публика, стручни панел дискутанти ќе бидат: Марија Ралева, психолог, Радмила Живановиќ, психијатар. Јана Белчева-Андреевска, Преседавач на Советот на Општина Центар и Бенџамин Перкс, Претставник на УНИЦЕФ, а модератор ќе биде нашата истакната новинарка Ана Јовковска.

Во склоп на овој настан ќе се одржи и премиерното прикажување на филмот „Мојата порта„ кој го изработија деца кои беа учесници на оваа работилница, а кои се ученици во основните училишта во Општина Центар, работејќи на еден од аспектите на темата за насилство заедно со стручен ментор.

Партнери на проектот се Општина Центар и Кинотека на Македонија.