Трет меѓународен ГастроМак: Врвни светски готвачки повторно се собираат во Македонија


Врвни светски готвачи повторно ќе се сретнат во Македонија, а поводот е стартот на Третиот меѓународен гастрономски натпревар – ГастроМак Македонија 2018, којшто се одржува од денеска до 12 октомври во Струмица, а традиционален домаќин повторно ќе биде Хотелот Вила Парк.

Овој годишен светски собир на кулинарските мајстори и натпреварувачи, којшто ќе се случува по трет пат е во организација на ГастроМак – Асоцијацијата на готвачи и шефови на кујни од Македонија, а под покровителство на WACS – World Association of Chefs Societies (Светската организација на шефови на кујни), со седиште во Париз, Франција.

Општината Струмица и Хотелот Вила Парк се традиционални организациски и логистички поддржувачи на едно од најголемите годишни гастрономски случувања во регионот и пошироко.

– Настанот е целосно од отворен карактер. Сите се поканети и добредојдени да вкусат Залче од светките вкусови! Со несебичната поддршка од WACS, годинешното натпреварување е со предзнак – Континентално, што дефинитивно значи етаблирање на ГастроМак и градот домаќин – Струмица, за ѕвезди на светската гастрономска мапа. Најавуваме петдневен настан за паметење, изјави Адријана Алачки, Претседател на ГастроМак асоцијацијата.

На ГастроМак Македонија 2018, најавено е присуство на околу петстотини судии, мастерклас предавачи, натпреварувачи, специјални гости, од над триесетина земји од целиот свет.

Натпреварувачките денови се 9, 10 и 11 октомври, ќе се одвиваат во посебно подготвениот простор во Централната сала на Хотелот Вила Парк, на првиот кат.

Со оглед на тоа што настанот е целосно од отворен карактер и сите заинтересирни ќе можат одблиску да ги видат на дело светските гастрономски експерти, но и да пробаат од подготвените јадења