„Тврдокорните“ на протести против двојазичност


Здружението „Трдокорни„ за среда најавуваат протести против, како што нагласуваат, двојазичност и албанизација на Македонија. Во објавеното соопштение се вели дека “секој што ќе крене рака за двојазичност односно двонационалност од сега па натаму од нас и македонскиот народ ќе добие посебен режим и посебен третман.
Ги повикуваме сите свесни Македонци, вистински родолуби, без разлика на партиска припадност да се приклучат на протестот бидејќи Македонија е во прашање“.

Протестниот марш ќе почне денес пред седиштето на ВМРО-ДПМНЕ од каде ќе се повикаат да им се придружаат и пратениците и партискиот врв на оваа партија. Организатори на протестот освен „Трдокорни„ се и МОС (Македонски обединети сили).