Трајковски зел боледување од работа за да го посети Груевски во Унгарија


Царинскиот службеник Александар Трајковски, кој вчера беше фотографиран во Будимпешта заедно со бегалецот Никола Груевски, зел боледување од работа, односно од Царинската управа. Трајковски исто така е советник и во Гази Баба од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. СЈО го гони Трајковски за сторено кривично дело насилство, но досега нема побарано мерки за обезбедување на обвинетиот, односно не му е одземен пасошот. Тој в понеделник треба да се појави на судењето за случајот „Насилство во Центар“.

„Од 5 декември 2018 година користи боледување, уредно пријавено во согласност со интерни акти на Царинската управа. Исто така, информираме дека царинскиот службеник во изминатиот период немал подолги отсуства од работа ниту, пак, реализирал службено патување во Унгарија“, велат од Царинската управа за „Макфакс“.