Топол пречек на Заев во Псарадес


Со прегратки за добредојде на македонската делегација во Псарадес, на грчкиот дел на Преспа, почна церемонијата на потпишување на договорот за името.

Грчкиот премиер Алексис Ципрас и шефот на дипломатијата Никос Коѕиас ги пречекаа на пристаништето македонскиот премиер Зоран Заев и министерот Никола Димитров, како и тројцата вицепремиери кои се во соства на делегацијата. По ракувањето и прегратките за добредојде што ги разменија, владините претставници на двете земји се упатија на местото каде што треба да се потпише договорот.