Телохранителот на Мијалков се бара за обид за убиство


Драганчо Стоименов, телохранителот на поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков е се уште недостапен за органите на прогонот по инцидентот што се случи вчера попладне во Кочани, а обвинителството попладнево соопшти дека го гони за обид за убиство. Утрово се приведени уште три лица кои присуствувале во кафе барот „Аква“ во Кочани каде Стоименов со пиштол го рани Драган Здравев и избега. Инцицентот се случи вчера во 17 часот, кога повеќемина кои седеле заедно на маса почнале да се расправаат. Стоименов извадил пиштол и испукал прокетил кон Здравев.

Поради сериозноста на повредите Здравев заедно со еден од сведоците, со кој седеле заедно на маса, бил пренесен во Клиничкиот ценар каде се наоѓа надвор од животна опасност. Сведокот кој заминал со ранетиот во Клинички, веднаш бил вратен во Кочани и дал исказ пред судија на претходна постапка.

„Во моментот на пукањето, во угостителскиот објект имало присутни и други лица, на кои осомничениот со преземеното дејствие ги довел во опасност што дава посебна тежина на кривичното дело кое го сторил“, велат од Обвинителството.

Дрганчо Стоименов е толохранител на Мијалков и додека тој беше во притвор редовно присуствуваше на судските рочиште за случаите во кои е обвинетпоранешниот шеф на УБК. Тој беше клучниот сведок во случајот „Детонатор“ во којшто беа осудени лица од Кочани и Виница дека неколку пати, на различни начини се обиделе да го убијат Стоименов, а дел од обвинетите беа осудени и на доживотни казни. Стоименов беше во судир и со сега обвинетиот за упадот што се случи во Собрание, Александар Василевски – Нинџа кој заедно со Никола Митревски Кољо пред пет години го нападнаа, а Василевски пукаше кон него и го рани. Тогаш Нинџа беше осуден на десет месеци затвор.(Ф.Ф.С.)