Твитер конечно оствари профит


Компанијата Твитер во последниот квартл од минатата година првпат досега оствари тримесечен профит, при што забележа и раст на приходите.

Но, и покрај тоа Твитер се соочува со проблеми како што е злоупотреба, лажни профили и обидите на руските служби да шират дезинформации, како и стагнирањето на растот на бројот на корисници.

Социјалната мрежа не крие дека има проблеми и воведе нови мерки за елиминирање на профилите кои се користат за злоупотреба. Но, критичарите посочуваат дека Твитер не реагира адекватно на проблемите.