Тарчуловски: Нека се изгласа законот, па ќе видиме за амнестија


Јохан Тарчуловски, кој е еден од обвинетите пратеници за случувањата на 27 април, вели дека се уште е рано да се произнесе дали ќе бара амнестија согласно денеска донесениот предлог-текстот во Собранието за селективна амнестија. Според нацрт-законот, амнестија нема да има за организаторите и за лицата што извршиле насилство, додека останатите можат да бидат ослободени, но ќе треба самите да го побараат тоа.

„Во овој момент е несериозно да се изјаснувам за прашање кое е во фаза на постапка, нацрти, предлози… Не сум ни размислувал. Најпрво нека го изгласаат законот, а потоа ќе седнеме и ќе видиме што и како“, изјави Тарчуловски за „Независен весник“. (Г.А.)