СЈО откриле 35 банкарски сметки на Груевски и 27 на Пешевски


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски има 35 сметки во банка, а поранешниот вицепремиер Владимир Пешевски има 27 банкарски сметки откриле од Специјалното јавно обвинителство, пишува Фокус.

Како што пишува Фокус повикувајќи се на обвинителниот акт за случајот „Титаник“, каде што Груевски е првообвинет, тој поседува парични средства на сметки во шест деловни банки во Р. Македонија при што на 20 денарски сметки поседува вкупно 9.934.875,00 денари а на 14 девизни сметки поседува 46.726 евра.

Исто така обвинетиот поседува и други девизни средства на 15 девизни сметки во различни банки, се наведува во обвинителниот акт за случајот „Титаник“, каде што Груевски е првообвинет.

Целосниот текст прочитајте го на Фокус.