СЈО нема да го замрзне имотот на ВМРО


Специјалното јавно обвинителство се откажало од барањето за замрзнување на седиштето на ВМРО-ДПМНЕ, пренесе 24 Вести.

Минатата недела со поднесок до Врховниот суд СЈО го повлекло барањето за заштита на законитоста со кое бараа Врховен да ја преиспита основаноста на одлуките на Кривичниот суд со кои беше одбиено барањето на Катица Јанева за замрзнување на имотот на ВМРО-ДПМНЕ, меѓу кој и главното седиште на партијата.

Имајќи го предвид барањето на СЈО за повлекување, Врховниот суд донел одлука со која се отфрла првичното барање за замрзнување на имотот на опозициската ВМРО ДПМНЕ, одлука која е објавена на сајтот на судот.