СЈО ги проверува сметките на поранешниот врв на ВМРО-ДПМНЕ


Според информации на телевизијата „Алсат-М“, Специјалното јавно обвинителство почнало со проверка на банкарските сметки на бројни поранешни функционери на ВМРО – ДПМНЕ. Како што тврди телевизијата, СЈО истражува колку сметки поседуваат во деловните банки во државава, но се проверуваат и сметки на блиски роднини на поранешните партиски функционери и тоа за периодот од последните неколку години, пренесува правосудство.мк.
СЈО вршело проверки на финансиски приливи, плаќања, но и потекло на пари кои што легнале на сметките на поранешното партиско раководство и на нивните најблиски роднини. Според информациите, се правале анализи и на веќе затворени сметки, а прв кој бил ставен на проверка е екс лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски и неговите негови роднини. Предмет на проверки бил и братучедот на Груевски, Сашо Мијалков и неговите домашни.