СЈО ги претресе домовите на Елизабета Канческа – Милевска и на Кирил Божиновски


Утрово Специјалното јавно обвинителство врши претреси во домовите на поранешната министерка за култура Елизабета Канческа – Милевска и на поранешниот генерален секретар на Владата, Кирил Божиновски, јави ТВ 24.

Од СЈО не ја потврдуваат информацијата.

Непознато е дали се вршат претреси за нова предистражна постапка и за што се работи. Инаку, и двајцата се обвинети во неколку случаи. На Канческа – Милевска ѝ се суди за „Тендери“, а Божиновски е обвинет за изборни нерегуларности во случајот „Титаник“.