Судот во Солун в среда ќе ја каже одлуката за Грујевски и Бошковски


Идната среда судот во Солун, најверојатно, ќе донесе конечна одлука дали бегалците Горан Грујевски и Никола Бошкоски ќе бидат екстрaдирани во Македонија. Тие се обвинети од Специјалното јавно обвинителство во случаите „Тврдина“ и „Таргет“.

Денешното рочиште траело речиси четири часа. Според телевизијата „Алсат М“, двајцата влегле во судница со лисици на рацете – Бошкоски облечен во тренерки, а Грујевски во сако и кошула носејќи кеса со македонски весници, кои одбраната ги приложила во судот во Солун.

По барање на обвинетите грчките адвокати на Грујевски и Бошкоски побарале од судница да се отстрани јавноста. Како сведок во солунскиот суд денеска сведочел скопскиот адвокат Петар Василев.

Грујевски и Бошковски третпат се појавуваат во судот во Солун. Тие поднеле и барање за азил до грчките власти.