Судијата до Јанкулоска: Нека ужива сега со бебето, на 16 август да дојде во суд


Судијата Осман Шабани го одложи денешното рочиште за предметот „Титаник“ поради отсуството на поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска кој е меѓу обвинетите.

Јанкулоска со своето новороденче сè уште е во болница. Судијата и порача 45 дена да се одмори и да ужива со своето бебе, а на 16 август задолжително да се појави на судењето.

Во судот денеска се појави поранешното раководство на ВМРО-ДПМНЕ, а последен дојде експретседателот на партијата Никола Груевски. Во овој случај им се суди за изборни нерегуларности и овој предмет на СЈО е најобемен и со најмногу обвинети.

Груевски и денеска не сакаше да даде изјава за медиумите, а пред новинарите од судот нема дадено изјава откако му беше изречена првата пресуда. По породилното отсуство Јанкулоска ја очекуваат рочишта и за случајот Тенк, случај во кој постапката за нејзе беше издвоена.

За случајот Титаник СЈО не побара издвојување за нејзе. Нејзината одбрана и одбраната на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески пред денешното рочиште доставиле предлог до судот јавноста да биде исклучена кога ќе бидат пуштани бомбите во судница. За овој предлог судот дополнително ќе се изјасни.

Ф.Ф.С.