Сугарески: Изградбата на гасоводната мрежа се одвива со забрзана динамика


Министерот за транспорт и врски Горан Сугарески и директорот на Македонски енергетски ресурси (МЕР) Бајрам Реџепи денеска извршија увид во изградбата на магистралниот гасовод од Штип до Неготино.

Делмицата е во должина од 36 километри, а инвестицијата изнесува 15, 8 милиони евра.

-Оваа делница од гасоводната мрежа е веќе во завршна фаза, како што сум информирам, изградбата ќе заврши во најскоро време и веднаш потоа ќе се пушти во употреба. Тоа ќе значи голем бенефит за сите граѓани и компании од овој регион. Сакам да истакнам дека изградбата на гасоводната мрежа низ Македонија почна да се одвива со забрзана динамика. Надминати се речиси сите проблеми и ако оваа година ги решававме експропријациите, веќе од следната година изградбата на терен ќе се случува со забрзано темпо, рече Сугарески.

Гасификацијата е, нагласи, врвен приоритет на Владата и затоа мора да се искористат сите ресурси за да може што побрзо да заврши изградбата и сите граѓани и компании да ги почуствуваат придобивките од гасот. За граѓаните тоа ќе значи поефтин енерген и заштеди во нивните буџети, бидејќи со гасот се намалуваат трошоците за електрична енергија.

За компаниите воведувањето на гасот ќе значи пониски трошоци и поконкурентни производи.

-Исто така во време кога почнуваме силна броба против аерозагадувањето, изградбата на гасоводот и неговото користење ќе придонесе до значитечно намалување на загадувањето во градските средини. Силно сме посветени на овој проект и затоа мораме да го искористиме овој неколкукратен бенефит од воведувањето на гасот, рече министерот. За следната година во буџетот на Министерството за транспорт предвидени се 1 милијарда и 557 милиони денари за овој проект. Сакам да информирам и дека на претпоследната седница на Влада се задолжи Министерството за економија да формира работна група која ќе одлучува за најефикасниот модел за развој на системи за дистрибуција на природниот гас во Македонија. Многу е важно во овој процес забрзано да работат и општините, за да може паралелно да ја градат општинската мрежа и гасот што побрзо да го донесеме до домовите и компаниите, додаде Сугарески.

Директорот на МЕР, Бајрам Реџепи информираше дека паралено се работи и на поврзување на магистралниот гасовод од Неготино преку Кавадарци, Прилеп, па се до Битола во долѓина од 92 километри. Има околу 40 проценти на реализација на градежните работи. Вредноста на инвестицијата е 36,4 милиони евра. Интензивно се работи и на делницата од Тетово до Гостивар, инвестиција од 29 милиони евра. Таму има околу 35 отсто реализација на градежните работи. -Генерално ги надминавме сите пречки и сега засилено работиме на изградба на магистралите. Во следната година најавуваме уште позасилено темпо на работа и она што сме го зацртале ќе го реализраме, а тоа е гасот да го донесеме до сите домаќинства, соопшти директорот.