Студентскиот во Пробиштип ќе се затвора, бидејќи има само двајца ученици


Нерентабилното работење на Студентскиот дом „ Даре Божинов“ во Пробиштип најверојатно ќе значи и негово затварање во текот на наредната година.

Градоначалникот на Општина Пробиштип, Драган Анастасов вели дека во моментов во овој Дом се сместени само двајца ученици, а намален е и бројот на корисници на народната кујна, каде вработените приготвуваат храна за социјално загрозените лица.

– Бројот на социјално загрозените семејства или лица е драстично намален во текот на годините, ако пред пет до шест години имаше 70 или 80 корисници на социјална помош за исхрана, сега се само седум или осум лица. Така што поради нерентабилноста на работењето на „Доне Божинов“ и она што го имам последно како информација е дека најверојатно ќе се затвори, а вработени ќе бидат распределени во домовите во соседните Општини, вели Анастасов.

Тој истакна дека во текот на годината ресорното Министерство на Домот му даде и еднократна парична помош, но и ваквата помош неможе да оди во недоглед. Низ годините наназад учениците и студентите, кои беа смсестени во овој Дом постојано се жалеа дека имаат проблеми со греењето во Домот, во текот на зимските месеци.