Студено, со температурата под нулата


Студено време со температури што на повеќе места ќе се задржат под нула, најавуваат метеоролозите за денеска.

Времето во Македонија ќе биде претежно облачно со умерен, повремено засилен северен ветер и со провејување на снег. Во јужните делови ќе има повремени врнежи од снег со слаб до умерен интензитет.

Утринската температура ќе се движи од минус еден до минус 12 степени, а дневната  температура од минус еден до еден степен.

Во Скопје ќе биде облачно со умерен, повремено засилен северен ветер и со провејување на снег. Утринската температура ќе достигне до минус четири, а дневната температура до минус еден степен.