Студено, со повремени врнежи од снег


Во Македонија ќе биде претежно облачно и студено со повремени врнежи од снег, особено претпладне во западните и јужните делови.

Насекаде низ земјава ќе се формира нова снежна покривка, во пониските места од 5 до 10 cм, а на повисоките места и планините и над 20 cм.

Ќе дува умерен до засилен северен ветер што ќе предизвика појава на снежни наноси, а поради ниските температури ќе има и појава на голомразица.

Утринската температура ќе се движи од минус седум до еден, а дневната од минус четири до три степени. Во Скопје и околината слично време. Утринската температура ќе биде минус три, а дневната околу нула степени.

В среда минималната низ котлините минималната температура ќе има вредност помеѓу -5°С и 0°С, а на повисоките места околу -7°С. В четврток утрото би било за околу 2°С до 3°С постудено.

Дневниот максимум овие два дена би бил помеѓу 3°С и 5°С, односно околу 7°С на југоисток.

Преодно наоблачување очекуваме во последниот ден од работната недела. Од оваа облачност има изгледи за слаби и повремени локални врнежи, пред се во северниот регион.

Температурата ќе биде во пораст, пред се во поглед на минималната температура, која би била значајно повисока во однос на четвтрток.