Студено време со температури до 18 степени под нулата


Студено време со многу ниски утрински температури не очекува денеска во Македонија.

Според метеоролозите темпеатурата ќе се спушти до минус 18 степени во Битола и Маврово, а во Берово до минус 17. Температурата ќе биде под минус 10 во поголемиот дел од земјата, а во негатива ќе останат и дневните температури.

Под влијание на влажен и студен бран, и утре и задутре претпладне ќе има нови пообилни врнежи од снег, особено во западните делови. Потоа следува период на стабилно и суво време повторно со ниски утрински температури, а дневните ќе бидат во благо покачување.