Столтенберг: НАТО нема план Б за Македонија


Мора на сите во Македонија да им биде јасно дека НАТО нема план Б за членство на земјата во Алијансата. Без усвојување на договорот со Грција нема членство во НАТО. Ниту има заобиколни патишта.

Ова го изјави генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг на прашањето на „Независен“ во српскиот град Младеновац за вррме на цивилната вежба за спасување од катастрофи.

Се зависи од институциите во Македонија дали ќе го имплементираат договорот. Ние нема да притискаме, но без имплементација нема членство. Тоа треба да им биде јасно на сите, нагласи Столтенберг.

Љ.П.