Столтенберг: ЕУ и НАТО заедно да направат повеќе за Западен Балкан


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг изјави денеска во Минхен дека НАТО и ЕУ заедно можат и треба да направат повеќе за Западен Балкан и го поздрави зајакнување на партнерството со Србија.

– НАТО и ЕУ имаат историја и одговорност во Западен Балкан. Се плашам дека можеби сме премногу сериозно фокусирани на Сирија, Ирак, Авганистан и други прашања, што е значајно, и да не го заборавиме нашето најблиско соседството – Западен Балкан, каде треба да бидеме фокусирани, бидејќи постои одреден развој на настаните кој оди во погрешна насока, рече Столтенберг.

– Веруваме дека НАТО и ЕУ можат заедно да направат повеќе, мора да работаме заедно и заедно да направиме повеќе, изјави тој на Конференцијата за безбедност во Минхен.

Столтенберг посочи дека НАТО во регионот има свои членки и рече дека, по неодамнешната посета на Скопје, се надева дека ќе се најде решение за спорот со името на таа земја за да може да се помине на прашањето за членството.