Столтенберг до Заев: Вратата на НАТО е отворена, вие сте на потег


Очекувам лидерите на земјите членки на НАТО на Самитот на 11 и 12 јули да ве поканат да почнете раговори за пристапување, истакна генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенеберг на заедничкаат прес-конференција со македoнскиот премиер Зоран Заев во Брисел.

-Проблемот со името фрли сенка за предолго време на регионот, сега имаме шанса за подобра иднина. Договорот служи пример за останатите за тоа како да се консолидира мирот и стабилноста. Очекувам на Самитот за две недели да бидете поканети на разговори за пристапување, а по финализирање на договорот, да влезете во НАТО. Без финализирање, не можете да го сторите тоа. Вратата на НАТО е отворена, не ја испуштајте оваа можност, рече Столтенберг.

Според него, влегувањето во НАТО може да се одвива многу брзо, но повторно нагласи дека мора да се направат потребните промени во Уставот.

-Навистина се надевам дека народот на вашата земја ја гледа оваа историска можност. Ако оваа можност се одбие, тогаш тешко е да се замисли кога ќе бидете толку блиску до НАТО. Останува луѓето да одлучат, рече генералниот секретар на НАТО.

Премиерот Зоран Заев повика да се гласа позитивно на референдумот.

-Република Македонија изгради мостови за решавање спорови со соседните земји. Договорот со Грција го откочи процесот за конечно да станеме дел од НАТО. Чекор по чекор, за само една година нашата земја го постигна она што никој не можеше да го предвиди. Силната волја за решавање спорови ни донесе многу среќни вести. Сега имаме за што да се обединиме. Да кажеме „да“ за нашата иднина, рече Заев.

 Тој истакна дека Македонија од 2008 година активно учествува во мисиите на северноатланскиот сојуз.

-Тука сме меѓу наши пријатели со кој за десетина дена очекуваме да испишеме нови страници, очекуваме да станеме триесета членка на НАТО. Припадниците на АРМ добиваат доверба да бидат дел во сериозни мисии. Со учеството, растеа капацитетите на Армијата. Македонија учествуваше во следење и подигање на стандардите на Алијансата, додаде премиерот Заев.