(Видео) Столтенберг: Ако го смените името ќе влезете во НАТО


Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, им порача на тие што сакаат да влезат во НАТО а да не го прифатат договорот со Грција дека треба да изберат, но не можат да го добијат и едното и другото.

„Или ќе го смените името и ќе влезете во НАТО или обратно, нема да го смените и нема да влезете. Двете одеднаш не може. Го поздравиме договорот и јасно кажавме дека кога сите процеси ќе бидат финализирани БЈРМ ќе стане 30-та членка на алјансата. Но нема да станете членка ако не го смените името. Тоа е едноставен избор“, рече Столтенберг на прес конференцијата на која објави дека лидерите се согласиле да и упатат покана на Македонија за членство.Тој им порача на граѓаните дека тие треба да решат и дека ова што им го нуди НАТО, т.е. поканата за членство е можност што се дава еднаш во животот.

Доверливи извори од НАТО навестија дека алијансата е решена да го забрза процесот со Македонија и дека веќе до први август ќе ги започне пристапните разговори.

Од нашиот специјален известувач, Слободанка Јовановска