Средба на Заев со децата од СОС – детско село и од „11 Октомври“


Деца од СОС-детското село и од Домот за деца без родители „11 Октомври“ денеска беа во посета на Владата каде се сретнаа со премиерот Зоран Заев и им беа доделени новогодишни пакетчиња.

– Сакаме да испратиме порака дека секој е важен, посебно секое дете. Овие деца кои се без родители или без родителска грижа, а се сместени во институциите на државата, сакавме да ја посетат Владата и заедно да поминеме моменти замислувајќи си сопствени желби за претстојната 2018 година, изјави Заев.

Целта на Владата е до 2020 година да нема дете без покрив на главата.

– Имаме модерни тенденции, согласно со европските перспективи, да се вклучат децата во семејства каде ќе се води комплетна грижа за нив. Ги следиме препораките на самите институции и убедени сме дека Македонија ќе биде посреќно општество за сите, доколку децата се среќни и ја гледаат својата перспектива во Македонија, рече Заев.

Нему му беше врачена благодарница од страна на СОС Детско село.

Директорките на СОС Детско село и на Домот „11 Октомври“ изразија надеж дека Владата ќе донесува одлуки во вистинска насока за грижа на овие деца.