Заев и Ахмети на средба со Џафери


Зоран Заев и Али Ахмети, лидерите на СДСМ и на ДУИ од владејачката коалиција, синоќа се сретнаа во парламентот, каде што премиерот дојде и на средба со спикерот Талат Џафери.

Овие состаноци се во пресрет на седницата на Комисијата за деловнички и мандатно-имунитетни прашања, која, треба да заседава денеска напладне по барањето на судот за одземање на мандатот на шестмина пратеници од коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Извештајот на оваа комисија треба потоа да го усвои и Собранието, за целата процедура да заврши во рок од три дена од поднесувањето на барањата на судот.