Средба Заев-Туск утре во Брисел


Премиерот Зоран Заев  утре во Брисел ќе се сретне со претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск во два часот попладне, информираат дипломатски извори за МИА.

Средбата ќе се случи непосредно пред почетокот на состанокот на Европскиот совет.

Премиерот Заев, утре и задутре во Брисел треба да учествува и на Форумот Кран Монтана, на панелот „Иднината на Југоисточна Европа во Европската унија“.

Посетата на Заев на Брисел следува по вчерашната одлука на Советот  на ЕУ, Македонија да почне преговори за членство во јуни 2019.