Средба Заев – Мицкоски попладнево во Владата


Во Владата на Република Македонија попладнево ќе се одржи средба меѓу премиерот Зоран Заев и лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски.

Средбата доаѓа по денешната прес-конференција на Мицкоски на која истакна дека бара итна и неодложна средба со претседателот Ѓорге Иванов и со премиерот Заев за да се разгледаат одредбите од вчерашниот договор меѓу Заев и грчкиот премиер Алескис Ципрас за севкупна употреба на името Република Северна Македонија за државава.