Србите и Црногорците поседуваат најмногу оружје во Европа, Македонија е на седмо место


Србија и Црна Гора го делат првото место на листата на европски земји според бројот на лесно оружје на 100 жители, додека Македонија е на седмо место.

Тоа се резултатите од истражувањето што го спроведе Центарот за испитување на јавно мислење при Институтот за меѓународни и развојни студии во Женева.

– На секои 100 жители на Србија и Црна Гора, доаѓаат 39,1 парче лесно оружје, се наведува во заклучокот на истражувањето.

Следен на листата е Кипар со 34 парчиња оружје на 100 жители, а потоа Финска.

Истражувањето покажа дека и другите земји од Западен Балкан имаат „добар пласман”, па така Босна и Херцеговина го зазема петтото место со 31,2 парчиња лесно оружје, Македонија на седмо место со 29,8, а Косово, на 11-то место со 23,9 парчиња лесно оружје.

Во светот, водат САД, со 120 лесно оружје на 100 жители.