Спасовски не открива детали за истрагата за руската вмешаност во Македонија


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска во Брисел на прашањето дали МВР може да даде повеќе информации за наводите на премиерот Зоран Заев и истрагата на новинарката на OCCRP дека руски бизнисмени финансираат немири во Македонија во референдумската кампања, уште еднаш порача дека нема да ја води истрагата преку медиумите.

– Сакам да бидат спокојни граѓаните во делот на безбедноста и во делот на сите случувања. Македонија има сега историска шанса за напредок, историска шанса да биде дел од Европската унија и НАТО и оваа историска шанса не обрзува сите нас и граѓаните и политичарите и медиумите и научната јавност и стручната јавност да помогнат и да бидат за иднина и перспектива на своите деца, рече Спасовски, одговарајќи на новинарско прашање.

Но Спасовски повтори: „ниту една истрага не сакам, не можам, ниту е потребно да ја водиме во јавност и преку медиуми“. Додаде дека институциите во државата фунцкионираат и дека поради тоа граѓаните можат да бидат „спокојни“.