Сообраќајот на патиштата по влажни коловози


Сообраќајот на патиштата се одвива во зимски услови по претежно влажни коловози, на некои повисоки места со остатоци од кашест снег на коловозот по интервенција на нашите дежурни служби, соопшти ЈП Македонија пат.

На одредени патни правци кои поминуваат низ клисури и усеци можна е појава на поситни одрони.

Од ЈП Македонијапат апелираат на внимателно возење и прилагодување на брзината според условите на патот. Посочуваа дека нивните дежурни екипи се постојано на терен и ги одржуваат сите патни правци проодни.