Сончево, со температура до 20 степени


Времето во Македонија и денеска ќе биде сончево со мала доумерена облачност.

Кон крајот на денот облачноста ќе се зголеми, а во јужните делови ќе има локални врнежи од дожд. Утринската температура ќе се движи од минус два до пет степени, а дневната температура од 16 до 20 Целзиусови степени.

Во Скопје ќе биде сончево со мала доумерена облачност и дневна температура до 19 степени.

Утре ќе има зголемена облачност, а во јужните делови ќе има и локални врнежи од дожд. Потоа продолжува периодот на стабилно време со појава на утринска магла по котлините. Дневната температура ќе биде малку над просекот за овој период од годината.