Сончево и топло, температурата до 36 степени


Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели ќе има ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 11 до 19 степени, а дневната температура од 26 до 36 степени.

УВ индексот ќе биде осум.

Во Скопје сончево и топло, попладне во планинските предели со ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе достигне до 16, а дневната до 34 степени.

Во сабота ќе има поизразена нестабилност, на места со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Во недела ќе има локален пороен дожд и ретки грмежи.