Сончево и топло, попладне дожд и грмежи


Времето во Македонија ќе биде сончево и топло, попладне во планинските предели ќе има ретка појава на краткотраен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

Утринската температура ќе се движи од 10 до 18 степени, дневната од 17 до 29 степени, а вредноста на УВ индкесот ќе изнесува осум.

Во Скопје ќе биде сончево и топло, попладне ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Утринската температура ќе достигне до 16 степени,  а дневната до 27 степени.

Упрвата за хидрометеоролошки работи најавува дека утре ќе има поизразена нестабилност, наместа со пообилен пороен дожд, засилен ветер и услови за појава на град. Во недела со локален пороен дожд и ретки грмежи. И во почетокот на наредната седмица ќе има повремен пороен дожд и грмежи, особено во попладневните часови.