Сончево, доумерено облачно


Времето во Македонија ќе биде сончево со умерена облачност и со слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската темепартура ќе се движи од 0 до осум степени, а дневната од 17 до 23 степени Целзиусови.

Во Скопје слично време. Утринската температура ќе изнесува седум степени а дневна ќе достигне до 22 степени.

Продолжува периодот на стабилно и суво време, освен во четврток, кога во западните делови ќе има локален слаб дожд. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла. Дневната температура ќе биде во постепено благо опаѓање.