Советникот од ГРОМ ја напушти коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ во Делчево


Советникот Вице Стоиловски од партијата ГРОМ, на денешната четиринаесетта седница на Советот на општина Делчево, со изјава поднесена до претседателот на делчевскиот Совет, Драган Маневски, истапи од коалицијата со ВМРО-ДПМНЕ на локално ниво. Во изјавата Стоиловски потенцираше дека во иднина во Советот ќе делува како независен советник.

Стоиловски е втор советник од делчевскиот Совет кој ја напушта опозициската коалиција предводена од ВМРО-ДПМНЕ. Пред два месеци, советникот од ВМРО НП, Николчо Ситновски, исто така, ја напушти коалицијата.

По ваквиот развој на настаните, со новиот распоред на силите во делчевскиот советот ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата остануваат со пет советници, осум советници има владејачката коалиција на СДСМ, додека двајца советници ќе делуваат независно односно како претставници на матичните партии кои ги претставуваат.