Собраниската подгрупа за помилување го подготви предлог-законот за амнестија


Подгрупата за помирување во Собранието изготви предлог-закон за амнестија што денеска ќе биде доставен до копретседавачите на Комисијата, за тој што побрзо да биде донесен.

Зекир Рамчиловиќ, од независната пратеничка група на ВМРО-ДПМНЕ, кој ја предводи оваа подгрупа, изјави дека нејзините членови постигнале консензус по ова прашање. Според него, со предлог-законот нема да бидат опфатени организаторите и лицата кои извршиле физичко насилство за време на настаните од 27 април лани во Собранието.

– Сите лица опфатени со овој судски процес ќе треба поединечно да поднесе барање за амнестија – посочи Рамчиловиќ.

Се очекува Интерпарламентарната група за интеграција и помирување денеска да се состане и да го разгледа предлог-законското решение за амнестија, што се предлага да се донесе по скратена постапка.