Собранието под силно полициско обезбедување


Собранието е под силно полициско обезбедување пред стартот на седницата на која е неизвесно дали пратениците ќе гласаат за пристапување кон уставните измени. Од двата табора доаѓаат различни информации. Претставници од владејачкото мнозинство велат дека се блиску до обезбедување на потребното двотретинско мнозинство, додека од ВМРО-ДПМНЕ стигнуваат сосема спротивни информации – дека на утринската кординација пред последната собраниска расправа не само од нивните пратеници туку и од пратениците од коалициските партнери добиле гаранции дека ќе гласаат против.

Во Собранието се појави и пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Сашо Василевски, кој во вторникот беше пуштен да се брани од слобода со гаранција од 400 илјади евра, кој е обвинет за настаните од 27 април се појави во Собранието. Василевски и Арнаудов се двајца од тројцата пратеници кои што беа пуштени од куќен притвор по изјавата на премиерот Зоран Заев дека нуди помирување за 27 април во замена пратениците да гласаат за уставните измени.