Собранието: Мики Милковски и Маријана Кацарска се именувани за заменици на генералниот секретар
Мики Милковски од Ранковце, дипломиран правник и Маријана Кацарска од Струмица, дипломиран правник со положени правосуден, нотарски и испит за извршители денеска се именувани за заменици на генералниот секретар на Собранието на Република Македонија.
Именувањето беше во рамки на осмата седница, на која се разгледа и Предлог-законот за докторска дејност во прво читање, поднесен од пратениците од опозицијата Зоран Ѓорѓиевски, Сашо Василевски, Дафина Стојанова, Ванковер Манчев, Весна Пемова и Љубен Арнаудов. Со 60 гласа „за“’ и 13 „против“ беше донесен заклучок дека законот не е прифатлив и не може да се даде на натамошно, второ читање.
Претседателот на Собранието Талат Џафери ја прекина седницата и најави дека пратениците за нејзиното продолжение дополнително ќе бидат информирани.
Во моментов во тек е 12. седница на Собранието на Република Македонија.