Се чека меѓународна потерница за пет лица на 27 април


Полицијата има информации каде се наоѓаат осомничените за собраниските настани на 27 април, но се чека распишување потерница за да може да постапува, изјави министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.

„Полицијата чека распишување на меѓународни потерници за уште петмина учесници во собраниските настани од 27 април, рече Спасовски, посочувајќи дека за дел од нив МВР има информации каде се наоѓаат.

Македонската полиција денеска доби донација во возила од Чешка. На МВР му беа предадени 45 возила во вредност од околу милион евра. Најголем дел од нив се наменети за граничната полиција.