Се спрема вонреден конгрес за смена на Мицкоски?


Членови на ВМРО-ДПМНЕ веруваат дека е возможно наскоро да се одржи вонреден конгрес на партијата, на кој ќе дојде до промена на партискиот лидер, објавува „Фокус“ , повикувајќи се на статуси на социјалните мрежи на поддржувачи на опозициската партија.
Според тоа, претстои сценарио за оставка на Мицкоски преку вонредниот конгрес и поставување на Митко Јанчев за претседател на партијата. Зад ваквите сценарија, наводно, стои поранешниот дитектор на УБК Сашо Мијалков.
Игор Аврамовски Александров, претседател на Здружението на македонски заедници од Австралија, на својот профил, пак, вели дека утре ќе се одржи Централен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ на кое „мијалковото крило“, како што вели, ќе го симне Мицкоски.