Се родија првите генетски модифицирани бебиња отпорни на ХИВ


Првпат во светот се родија две бебиња со генетска модификација, објавија кинески научници. Двете девојчиња се отпорни на ХИВ-вирусот.

„Две убави мали кинески девојчиња со имиња Лулу и Нана дојдоа на свет, исто како сите други здрави бебиња“, изјави истражувачот Хах И Јукуи во видео објавено на Јутјуб.

Научниците добиле одобрение да работат на неколку кинески двојки, кај кои мажот бил ХИВ-позитивен. Ембрионите се создадени со вештачко оплодување, а научниците направил промена во генетскиот материјал.

Но веднаш по пораѓањето научниците беа остро критикувани.

„Неодговорно експериментирање со луѓе“, рече Питер Дуброк, претседател на германскиот етнички совет. „Последиците се непредвидливи и тешко можат да се контролираат. Промената на ДНК на еден човекот не влијае само на него, туку потенцијално и на сите негови потомци. И ова се случува во момент кога Хонг Конг е домаќин на светски научен самит посветен на одговорното однесување во истражувањата“, рече Дуброк.

Тој ја повика светската јавност да се справи со ова прашање што е можно поскоро. „Со оглед на ваквите намери, неопходно е да се размислува за формирање агенција слична на Меѓународната организација за атомска енергија која ќе се справува со ваквите прашања“, рече Дуброк.