(ВИДЕО) Се преврте пожарна во Маџари, повредени тројца пожарникари


Тројца пожарникари од Територијалната противпожарна единица на Град Скопје се повредени денеска откако противпожарното возило се превртело во скопската населба Маџари кај Триангла.

– Пожарникарите итно се префрлени во Ургентниот центар, контактибилни се и се прават детални анализи – изјави за МИА командантот на Територијалната противпожарна единица на Град Скопје Звонко Томески.

Екипата требало да интервенира на пожар во куќа во селото Арачиново. Таму била испратена друга екипа. Опожарена е куќа во Арачиново од 200 метри квадратни, покрив и еден кат.

Противпожарното возило од засега непознати причини се превртело.Во тек е увид на местото на несреќата, а штетата дополнително ќе биде утврдена.

Фото/видео: Канал 5