Се преврте македонски автобус кај Лесковац, тројца загинати и 32 повредени


Автобус со македонски регистерски таблички излета утрото околу 1.45 часот од автопат во близина на Лесковац при што загинаа три лица.
Во сообраќајната несреќа што се случи на автопат во правец на Ниш повредени се 32 лица. Во болница во Лесковац се префлени 28 луѓе додека четворица се во болницата во Ниш.
Според најави од Болницата во Лесковац, 14 од нив ќе бидат пуштени откако им била укажана лекарска помош. Со помош на локалната самоуправа тие ќе бидат згрижени во Лесковац додека не дојде автобус од Македонија.

-На одделот за Хирургија во болницата во Лесковац се четири пациенти со тешки повреди, но вон животна опасност додека на Ортопедија е еден човек, изјави Јовица Вучковиќ, началник на во болницата за РТС.

Во реонот каде се случи сообраќајката има невреме проследено со интензивни врнежи од снег.

Крајна дестинација на автобусот што тргнал од Прилеп требало да биде Виена.