Се прават обиди да се обезбеди „нормално“ гласање


За 21 часот е презакажан почетокот на денешното продолжение на 61 седница за уставните измени.
Висок владејачки функционер тврди за за „Независен весник“ дека е обезбедено двотретинско мнозинство, ама дека не може да се пристапи кон гласање поради закани на кои, наводно, се изложени опозициските пратеници од свои сопартијци од ВМРО-ДПМНЕ. Соговорникот на „Независен весник“ спомнува и имиња на, главно, поискусни пратеници кои, наводно, се заканувале и ги притискале своите колеги да гласаат „против“ пристапување кон уставни измени или да не присуствуваат на гласањето.
„Планираме да се гласа вечерва, но не по секоја цена. Многу важно е во какви околности ќе се гласа. Не сакаме пратениците да бидат во непријатна ситуација, велат извори од владејачкиот табор.
Од друга страна, и од опозицискиот табор има обвинувања за влиајнија и притисоци врз нивни пратеници.