Се подготвува барањето за екстрадиција на Груевски


Во Министерството за правда, како што информираат оттаму, се подготвува барањето до унгарските власти за екстрадиција на поранешниот премиер Никола Груевски. Од Министерството за правда велат дека по известувањето од МВР дека Груевски е пребеган во Будимпешта се одбатиле до Кривичниот суд во Скопје, каде што поранешниот премиер беше осуден на затворска казна од две години за случајот „Тенк“, за да ја добијат целокупната документација за случајот.
Веднаш откако ќе биде комплетирана документација, барањето за екстрадиција ќе биде испратено до надлежните институции во Унгарија, велат од Министерството.