Се излеа нафта во каналот Студенчишта


Огромна нафтена дамка ја прекрила водата во каналот Студенчишта, пишува порталот Охрид 1. Нафтата  го прекрила речиси целиот канал во неговиот горен дел кон Билјанини извори  и распрснати парчиња од дамката веќе стигнале до устието на каналот Студенчишта каде што тој се спојува со Охридско езеро.

Нафтата според рибарите истекла од бродчето „Мис Стоун“ кое до половина потонало утрово  во каналот.Рибарите тврдат дека вчера се било во ред и дека најверојатно еколошкиот инцидент со излеаната нафта и тонењето на бродчето настанал во текот на ноќта.

Низ каналот Студенчишта во Охридско езеро се слева  вода од изворите „Бејбунар“, од „Билјанини извори“  и од изворите на „Хидробиолошки Институт“ .