Се гради антитерористички кафез околу Ајфеловата кула


Париз ќе го стави во кафез својот најпознат споменик Ајфеловата кула, за да го заштити од можен терористички напад, јави Би-Би-Си.

Симболот на француската престолнина ќе биде затворен во стаклени ѕидови, метална конструкција и бетонски блокови.

Привремените препреки поставени пред две години сега ќе бидат заменети со трајни мерки. Оградите од сите страни, коишто би требало да бидат довршени до половината на јули, чинат речиси 35 милиони евра. Стаклените ѕидови се дебели 6,5 сантиметри и ќе бидат поставени од двете страни на плоштадот, додека другите две страни ќе бидат блокирани со метални препреки високи 3,24 метри.

За да се спречат напади од автомобили, пред стаклениот ѕид ќе бидат поставени уште 420 блокови, како дополнителна заштита.

Повеќе од 240 луѓе загинале во терористички напади во Франција од 2015 година.

Ајфеловата кула годинава очекува седум милиони посетители.