Сервер: Трамп итно да постапи и да го зачува мирот на Балканот


„Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп треба итно да постапи за да го зачува мирот и стабилноста на Балканот“, пишува американскиот аналитичар Даниел Сервер во најновото издание на списанието на Советот за меѓународни односи. Во текстот, кој го пренесува „Гласот на Америка“, се наведува дека долгогодишниот експерт за Југоисточна Европа ги изнесува опциите за решавање на кревката политичка и безбедносна ситуација на Западен Балкан. Сервер како една од главните причини за нестабилност го смета мешањето на Русија, за која нагласува дека не сака прозападен и продемократски развој на тој дел од Европа. Тој истакна дека за неговите препораки се информирани и Конгресот и Белата куќа.