Сервер: Атина е на ред


Усвојувањето на уставните измени во македонското Собрание е витален и важен чекор кон членството на Македонија во ЕУ и НАТО. Браво!, изјави  Даниел Сервер, професор на Универзитетот Џон Хопкинс во Вашингтон и експерт за Балканот.

– Немам што повеќе да кажам, освен дека товарот на одговорноста сега е на Атина, која се надевам ќе го направи вистинскиот чекор, рече Сервер.

Македонското Собрание вчера со двотретинско мнозинство од 81 пратеник ги усвои уставните измени, кои произлегуваат од Договорот од Преспа за решавање на спорот за името. Македонската страна ја исполни својата обврска од договореното, а сега на потег е грчкиот Парламент да го ратификува Договорот, со што ќе се отвори патот за интегрирање на земјава во ЕУ и НАТО.