Семејството на Чавков се жали до правобранителот, адвокатот бара лекарски преглед


Семејството на Митко Чавков вчера попладне до Народниот правобранител доставило претставка, потврдија за МИА од Канцеларијата на Омбудсманот.

Оттаму посочуваат дека ќе отворат предмет и ќе ги испитаат наводите во претставката.

Поранешниот министер за внатрешни работи Митко Чавков, кому судот му одреди мерка притвор за случувањата во Собранието од вчера штрајкува со глад во затворот во Шутка.

– Психички е стабилен, но како реакција на неправдата што му е нанесена со определување на мерката притвор, како и товарење за кривичното дело „терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста“ донел одлука да штрајкува со глад – изјави Петар Василев, адвокат на Чавков.

Тој информира вчера го посетил Чавков во затворот, откако побарал вонредна посета и добил дозвола од судијата.

Најави дека денеска ќе побараат вонреден лекарски преглед со кој ќе се утврди вистинската задравствена состојба. Чавков се согласил да биде прегледан. Василев очекува мерката од притвор во затворски услови да биде земенета со куќен притвор. Вчера Чавков во затворот го посетил и еден член на семејството